Иран соопшти дека би ги продолжил разговорите со светските сили за развој на неговата нуклеарна програма до крајот на ноември.
Веднаш немаше директна потврда за новите преговори од другите страни дел од меѓународниот договор од 2015 година, чија цел е да се лимитира развојот на иранското нуклеарно оружје.
Договорот првично ги вклучуваше САД, Британија, Франција, Германија, Русија, Кина и Европската Унија, но, поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, и повторно воведе економски санкции кон Иран.
Оттогаш, Иран рече дека го зголемил збогатувањето на ураниумот до ниво на чистота од 60 проценти, и негираше дека има намера да произведува нуклеарно оружје, нагласувајќи дека развојот на неговата нуклеарна програма е за мирни цели.
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багхери, на Твитер денес напиша дека „се согласивме да почнеме преговори до крајот на ноември.Точниот датум ќе биде објавен во текот на наредната недела“.
Претседателот на САД Џо Бајден рече дека би сакал да се обноват разговорите ако Иран вети дека ќе ги почитува првичните заложби од нуклеарниот договор, како и ако го стопира збогатувањето на ураниумот.
Дел од информациите во текстот се искористени од Франс-прес и Ројтерс
Facebook Forum