Иран соопшти дека не било соборено нивно беспилотно летало, негирајќи ги извештаите дека американскиот воен брод уништил дрон во Теснецот Ормуз.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи на Твитер напиша дека тој е „загрижен“ дека американскиот воен брод „по грешка“ соборил американско беспилотно летало.
Претседателот Доналд Трамп вчера кажа американски воен брод уништил ирански дрон кој претставувал закана за воениот брод УСС Боксер. Тој додаде дека акцијата била преземена откако биле игнорирани неколкукратните повици за повлекување на беспилотното летало.
Трамп рече дека инцидентот е последен од повеќето провокативни акции од страна на Иран против бродови кои пловат во меѓународните води во Персискиот Залив.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф во Њујорк изјави дека „нема информации дека било соборено беспилотно летало.“
Минатиот месец Иран собори американско беспилотно летало, за кое официјален Техеран тврдеше дека оперирало над нивна територија. Вашингтон тврди дека беспилотното летало било во меѓународниот воздушен простор.
Трамп во последен момент ја повлече одлуката САД да извршат воздушен напад врз Иран, велејќи дека сака да избегне иранските жртви.
Facebook Forum