Линкови за пристапност

САД ќе го зголемат притисок врз Иран со нови санкции


Државниот секретар Мајк Помпео во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги продолжува напорите на администрацијата за создавање на коалиција во борбата против Иран

САД ќе воведат нови санкции против Иран како натамошен притисок врз економијата на земјата, со цел да се промени однесувањето на властите.

Државниот секретар Мајк Помпео ги објасни причините за санкциите во неделата пред да замине за Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за да ги продолжи напорите на администрацијата за создавање на коалиција во борбата против Иран.

„Важно е да се разбере дека овие напори што ги вложуваме за да му ги скратиме на Иран ресурсите за поттикнување на тероризмот, за изградба на системот за нуклеарно оружје, за изградба на нивната ракетна програма, се за да ги заштитиме американските интереси и безбедноста на Американците во целиот свет“, рече Помпео.

Иран негираше дека работи на нуклеарно оружје и во 2015 година потпиша договор со Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија за да ги олесни овие проблеми со ограничување на нуклеарната активност во замена за олеснување.

Меѓутоа, односите на САД и Иран се влошија за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, особено по неговата одлука минатата година да се повлече од нуклеарната спогодба и да воведе нови економски санкции.

Американски официјални лица го обвинија Техеран за нападот на два нафтени танкери, што Техеран го негираше, како и за уривањето на американското беспилотно летало.

Трамп рече дека доцна во четвртокот го откажал одмаздничкиот напад против неколку ирански цели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG