Ирански новинар кој го покриваше обраќањето на претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад пред Генералното собрание на ОН побара азил во САД.
Адвокатот Пол О`Двејер од Њујорк за новинската агенција Асошиетед прес изјави дека Хасан Гол Канбен работел за Иранската новинска агенција и така бил назначен да известува за настанот.
„Тој се чувствувал под закана бидејќи се плашел што би му се случило кога би се вратил назад. Од претседателската делегација добивал барања за задачи што не сакал да ги извршува. Тој беше мошне загрижен за последиците со кои би се соочил доколку се врати во Иран заради неисполнување на барањата“, изјави овој адвокат.
О`Двејер додаде дека сопругата на новинарот и неговите две мали деца го напуштиле Иран речиси истиот период кога Канбан заминал за САД. Тие во моментов се во друга држави и се обидуваат да му се придружат на Канбан.