Линкови за пристапност

Агресивните политики подгреваат потенцијална иранска пропаганда и на Балканот


Како тензиите САД - Иран може да се одразат на Балканот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Тензиите меѓу САД и Иран може да се одразат во повеќе региони во светот, вели Џемал Абди, претседател на Националниот иранско - американски совет во Вашингтон

Актуелната американска политика би можела да го предизвика Иран да има провокативен однос и на Балканот, вели Џемал Абди, претседател на Националниот иранско - американски совет во Вашингтон.

Балканот влезе во фокус на разговорот по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани, како потенцијална лесна цел Иран да им возврати на САД, напаѓајќи ги американските интереси во светот.

„Ако САД се загрижени за иранската пропаганда во балканскиот регион, прво треба да се справат со фундаменталното прашање, а тоа е мотивацијата на Владата на Иран. Зошто го прави ова, и зошто има потреба да биде ангажирана во пропаганда, исклучувајќи дипломатски можности за решавање на проблемите“, вели Абди.

Според него, водењето агресивни политики само подгреваат потенцијални ирански акции, не само на Балканот туку и во кој било друг регион.

Нагласува дека повлекувањето од Иранскиот нуклераен договор дополнително ги охрабрило екстремните сили во Иран, оставјаќи на тој начин простор за можни зголемени конфронатции во иднина.

„Наместо САД да се обидуваат секојпат да одговорат на Иран со санкции или воена сила, треба да водат дипломатски процес, така што Иран нема да има потреба да делува како револуционерна сила која ќе се наметнува во разни региони. Во спртивно, ќе продолжат проблемите“, рече тој.

Тој смета дека потезите на администрацијата на САД, на некој начин, го предизвикале Иран да ги тргне аргументите од маса за водење умерена политика на внатрешен и надворешен план.

САД, пак, стојат на ставот дека елиминирањето на Солејмани ќе го направи светот подобро место за живеење.

„Со елиминирањето на Солејмани ние испраќаме моќна порака до терористите, дека ако го вреднуваат сопствениот живот нема да им се закануваат на нашите луѓе“, рече Трамп.

За потребата од обнова на американската надворешна политика, на конференција во Вашингтон, зборуваше и демократскиот сенатор Крис Марфи.

Тој рече дека следниот демократски претседател ќе треба да инвестира во ресурси за соочување со предизвиците на денешницата.

XS
SM
MD
LG