Линкови за пристапност

Странските студенти ќе мора да ги напуштат САД ако студираат на универзитети каде има само онлајн настава


Меѓународните студенти ќе бидат принудени да ги напуштат САД или да се префрлат на друг колеџ доколку нивните училишта нудат часови целосно преку Интернет претстојната есен, налагаат новите упатства издадени во понеделникот од федералните власти за имиграција, пренесува Асошиетед прес.

Претседателот Доналд Трамп инсистира училиштата и колеџите што е можно побрзо да се вратат на настава.


Упатствата издадени од Американсата служба за имиграција дополнително притискаат за отворање на универзитетите и покрај растечката загриженост поради ширењето на Ковид-19 кај младите луѓе во последно време. Колеџите добија насоки истиот ден кога некои институции, вклучително и Универзитетот „Харвард“, објавија дека сите предавања ќе се организираат на далечина преку интернет.

Претседателот Доналд Трамп инсистира училиштата и колеџите што е можно побрзо да се вратат на настава. Откако упатствата беа објавени, Трамп повторно се огласи во порака на „Твитер“ дека училиштата на есен мора да се отворат додавајќи дека демократите сакаат да ги задржат училиштата затворени „од политички, а не од здравствени причини.“

Според ажурираните правила, меѓународните студенти мора да слушаат барем дел од нивните предавања лично. Нови визи нема да им се издаваат на студентите кои се школуваат на факултети или програми што целосно се реализираат преку интернет, па дури и на колеџи каде наставата се одвива како комбинација од онлајн-курсеви и настава со лично присуство на меѓународните студенти ќе им биде забрането да ги следат сите предавања само на интернет.

Критичарите на Трамп бргу реагираа на новите упатства. Сенаторот Берни Сандерс рече дека суровоста на оваа Бела куќа нема граници.

„Странските студенти треба да избираат: ризикувајте го вашиот живот со лично присуство на настава или ќе бидете депортирани“, напиша Сандерс во порака на Твитер. „Мора да ги чуваме сите наши студенти безбедни“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG