Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска го објави неговиот план за обнова на инфраструктурата во земјата. За таа цел претходно имаше средби со локални и други официјални лица од сојузните држави.
Иницијативата предвидува 200 милијарди долари федерални пари да се пренасочат во 1,5 трилионска инвестиција за поправка на американските патишта, мостови, железници и за друга инфраструктура.
Претходно, американскиот лидер во коментар од Твитер, рече дека ова ќе биде голема недела за инфраструктурата и дека по непромислено потрошените 7 трилиони долари на Блискиот Исток, „сега е време да се почне со инвестирање во нашата земја“.
Трамп истакна и дека американските воени трошоци на Блискиот Исток го оставиле регионот „да биде во полоша состојба отколку што беше пред 17 години кога САД влегле во него“.
Предвидените средства треба да ги обезбедат локалните и владите на сојузните држави, како и приватниот сектор, со цел да се покријат трошоците за голем дел од проектите.
Планираните 200 милијарди долари би биле на располагање од кратење на постоечките програми, а би биле наменети за рурални проекти, нови и иновативни програми и други активности.
Мерката е насочена и кон намалување на времето и трошоците за федерални дозволи, за не подолго од две години. Во моментов, овој процес трае од пет до десет години. „Вашингтон ќе биде вашиот партнер“, додаде Трамп.
Засега не се знае дали Конгресот ќе го одобри планот на американскиот претседател.
Facebook Forum