САД денеска го пријавија својот најголем пораст на цените во малопродажбата за една година, што придинесе за намалување на вредноста на акциите на берзите утрово.
Индексот на потрошувачки цени, кој ги следи трошоците за стоки и услуги за домаќинствата, се зголеми за половина процентен поен во јануари, што е повеќе за две десетини од овој поен во декември.
Со тоа, дојде до зголемување на стапката на инфлација од година во година, и сега изнесува 2,1 отсто. Исто ниво беше региститано и во декември минатата година, со што се зголеми стравувањата меѓу инвеститорите дека стабиланата инфлација, заедно со зголемувањето во примањата на американските работници, можно е да ги поттигне Федералните резерви да ги зголемат каматните стапки со побрзо темпо.
Американскиот Оддел за труд вели дека малопродажните цени, настрана од постојаните промени во трошоците за храна и енергија, во јануари се зголемиле за три десетини од процентниот поен. Експертите очекуваа раст од 0.2 процента.
Facebook Forum