Линкови за пристапност

Кери: Битката да се поразат екстремистите не е само на една држава


Американскиот државен секретар ја повика Индија на поголема соработка во справување со глобалните ризици

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Индија да преземе поголема одговорност на глобална сцена, во партнерство со САД.

Зборувајќи на Институтот за технологија во Делхи, Кери рече дека поголема соработка меѓу двете светски најголеми демократии е суштинска за соочување со глобалните предизвици, што подразбира поинаков начин на одговор од претходните безбедносни закани.

„И бидејќи го научивме тешкиот начин, кога велам ние мислам на сите нам, бидејќи заканите со кои се соочуваме денес не се традиционални. Тие не се оние со кои пораснавме. Битката да се поразат овие екстремисти не може и нема да биде само на една држава“, рече Кери.

Кери додаде дека водечките сили едноставно не можат да ги игнорираат заканите зад нивните граници, бидејќи во глобалниот свет тие опасности поминуваат преку нив.

XS
SM
MD
LG