Линкови за пристапност

Трамп: Никој не може да ни ја одземе слободата


Претседателот се обрати за Денот на независноста вчера, кој беше одбележан со парада на тенкови и воени авиони

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера беше домаќин на, како што рече, прослава на сите времиња по повод Денот на независноста.

За разлика од претходните американски претседатели кои беа во сенка за прославата на Денот на независноста, Трамп зеде директно учество во неа.

И покрај влажното време и најава за бури, над Вашингтон вчера прелетуваа воени авиони, имаше парада на тенкови, се свиреше патриотска музика, а Трамп имаше говор на скалите пред споменикот Линколн, истакнувајќи ги 243-те години американска историја.

Тој ја нарече историјата на САД „епска приказна за прекрасна држава на народ, кој ризикувал се` за тоа што знаел дека е вистина“.

Аналитичарите предупредуваа дека говорот на Трамп може да се претвори во политичка кампања за изборите следната година, но, тој воопшто не спомена политика, избори или демократски опозиционери.

Тој не зборуваше за она што ги дели Американците, туку за тоа што ги обединува.

„Американците ја сакаат нашата слобода и никој нема да може да ни ја одзеде. Денес нашата држава е посилна од претходно“, рече Трамп, фалејќи ја американската војска и младите Американци кои сакаат да служат во Армијата.

За време на прославата, многу граѓани кои не се согласуваат со политиката на Трамп, протестираа на Националното шеталиште.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG