Линкови за пристапност

САД го слават Денот на независноста


Дневната политика подели многу Американци, но многу нешта ја обединуваат нацијата

Секоја година на 4-ти јули, Американците го прославуваат Денот на независноста на САД.

На националниот празник повеќето луѓе не работат. Насекаде има јавни прослави, кои завршуваат со огномети.

Луѓе се собираат на Националното шеталиште во Вашингтон, каде ќе се одржи голем концерт, по кој ќе следи голем огномет.

Што значи 4-ти јули за Американците?

Мајк за настанот дошол од Чикаго. Тој за политичката поделеност вели:

„Има две страни, но работите се добри. Знаете, за сите ... за повеќето Американци“.

Денот на независноста исто така е прослава на американскиот сон вели Шекар Ботча е од Њу Џерси:

„Верувам дека принципите на слободните луѓе сѐ уште се тука, можете да го имате она што ќе го замислите и она што настојувате да го постигнете. Тоа ја прави оваа нација посебна“.

Гон Нан Лианг е од Конектикат:

„Мислам дека оваа земја, во овој момент, е одлична. Навистина е мирно, и луѓето уживаат во животот тука“.

Иво Атабе од Вирџинија ја коментира состојбата во земјата со остатокот од светот:

„Кога ќе го погледнете националното мислење, луѓето мислат дека земјата не оди добро, но кога ќе споредат што се случува со остатокот од светот, тогаш сфаќаат дека земјата оди добро“.

„Не знам многу за Америка, но знам дека сум среќен што сум овде, неверојатна храна, неверојатно место, многу ги сакам огнометите, многу работи што ги создадовме овде. Среќен сум да бидам овде,“ вели Текви Атабе, жител на Вирџинија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG