Линкови за пристапност

Како ќе се одвива постапката за импичмент?


После две недели јавни расправи во текот на минатиот месец, демократите во Претставничкиот дом се приближуваат кон официјално поднесување на барање за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Иако, гласањето не се очекува пред Божиќ, според темпото на истрагата за импичмент што се води од крајот на септември, оваа недела ќе биде презентиран демократскиот извештај со нивните наоди и препораки.

Извештајот ќе ги содржи наводите дека Трамп ја злоупотребил својата позиција за да изврши притисок врз Украина да го истражи неговиот политички ривал.

Обвиненијата се уште не се познати.

Членовите на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом ќе го разгледаат нацрт извештајот во понеделник. Тие ќе се состанат зад затворени врати, по што извештајот ќе биде објавен за јавноста.

За среда е закажана јавна расправа на која ќе се дискутира за уставните основи за импичмент на претседателот.

За ова време Трамп ќе биде надвор од државата поради службено патување во Лондон.

До петок Белата куќа треба да се изјасни дали администрацијата ќе учествува во дополнителни сослушувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG