Одделот за домашна безбедност ја претстави политиката што може да резултира со депортација на милиони недокументирани имигранти.
Секретарот за домашна безбедност Џон Кели, објави правилник со детали за тоа како неговиот оддел ќе ги примени извршните наредби на претседателот Доналд Трамп.
За време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, фокусот за депортирање на лица со нелегален престој во САД, беше на оние кои извршиле сериозни криминални дела.
Кели додаде дека сега приоритет за депортација се лица кои извршиле или се обвинети за криминално дело, сториле нешто за кое има основа дека е криминално дело, ја злоупотребиле програмата за јавна помош или, по оценка на претставник на имиграционата служба, претставува закана по јавната или националната безбедност.
Новиот правилник не ги засега извршните наредби на Обама за моментално непреземање на акција против лица кои дошле во САД илегално кога биле деца, или недокументирани родители на лица кои или се американски државјани или имаат постојат престој со таканаречена „зелена карта“.