Белата куќа ги потврди медиумските извештаи дека претседателот Барак Обама утре ќе објави детали за извршната наредба за имиграционата реформа.
На блогот на Белата куќа денес беше најавено дека Обама утре ќе се обрати до нацијата во врска со својот план за реформата.
Секретарот за домашна безбедност Џе Џонсон најави дека потезите на Обама во врска со имиграцијата ќе бидат сеопфатни и ќе вклучат мерки на гранична безбедност.
Американскиот претседател вети дека ќе издаде извршна наредба претходно годинава, откако мерката за имиграциона реформа, што мина во Сенатот, не беше усвоена во Претставничкиот дом. Најмалку во еден од медиумските извештаи денеска се наведува дека Обама планира да ја отстрани заканата од депортација за пет милиони недокументирани имигранти, да ја зајакне пограничната безбедност и да ја прошири помошта за имигрантите коишто биле донесени во САД како деца.