Линкови за пристапност

САД кривично ќе ги гонат имигрантите, кои незаконски влегуваат од Мексико


Главниот правобранител Џеф Сешнс најави зострување на мерките на југозападната граница

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе ги зголеми кривичните обвиненија против родители, кои нелегално влегуваат во САД и се разделуваат од нивните деца.

Главниот правобранител на САД Џеф Сешнс вчера зборуваше за новите напори да се спречат нелегалните преминувања преку границата.

„Воспоставив политика на `нула толеранција` за нелегален влез преку нашата југозападна граница. Ако некој помине нелегално, ќе го гониме. Тоа е едноставно. Ќе гониме и ако нелегално се пренесуваат луѓе преку границата. На пример, ако нелегално внесете дете, согласно законот, тоа може да биде одвоено од вас“, рече Сешнс.

Тој, исто така, најави дека Одделот за правда планира кривично да ги гони сите имигранти, кои се обидуваат незаконски да влезат во САД, место да ги враќа преку границата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG