Линкови за пристапност

Легислатива за можни големи промени во имиграцијата на САД


Предлог-законот би ја намалил имиграцијата, преку ограничувања за членовите на семејствата на мигрантите, со што се става крај на програмата за лотарија за виза и отежнување на процесот за работна дозвола или таканаречена „зелена карта“.

Двајца републикански сенатори велат дека спонзорираат легислатива, која би придонела за големи промени во имиграциониот систем на САД, и со која бројот на лицата од странство кои годишно влегуваат во САД, би се намалил за до 50 проценти.

Предлогот, што според одредени проценки може да ја намали имиграцијата од еден милион, на 500.000 лица годишно, би значело совпаѓање на федералната влада со политиката што конзервативните, „реструктивни“ организации ја поддржуваат со години, дури и децении.

Предлог-законот, на иницијатива на сенаторите Том Котон и Дејвид Пердју, би ја намалил имиграцијата, преку ограничувања за членовите на семејствата на мигрантите, со што се става крај на програмата за лотарија за виза и отежнување на процесот за работна дозвола или таканаречена „зелена карта“.

XS
SM
MD
LG