Линкови за пристапност

Најавените рации за депортација на недокументирани мигранти не се остварија


Црквите и адвокатите им понудија засолниште и помош на сите кои се сомневаат дека ќе бидат депортирани

Рациите во целата земја, чија цел се околу 2.000 лица кои имаат наредби за депортирање, за некои од нив поради непојавување на суд за имиграционите процедури, имаа речиси невидлив почеток во неделата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, направи необичен потег објавувајќи ги рациите пред време. Тој рече дека не е загрижен што раното известување може да им помогне на некои да го избегнат апсењето.

Вршителот на должност директор на Управата за имиграција и царина, Мат Албенс, рече: „Ние сме задолжени за извршни дејствија против конкретни лица за кои има наредба за депортација“.

Тој не даде информации каде се извршени апсења или колку лица се притворени.

Но, стравовите на емигрантските заедници во големите градови дека агенти со црни шлемови ќе навалат на нивните врати и ќе извикуваат наредби, не се остварија.

Се беше тивко на местата како што се Мајами, Њујорк, Атланта и Балтимор, каде црквите и адвокатите им понудија засолниште и помош на сите кои се сомневаат дека ќе бидат депортирани. Тие им порачаа на имигрантите да не ги отвораат вратите за агенти, освен ако не биде издаден налог за тоа.

На секој што ќе биде уапсен му препорачаа да не изјавува ништо и да не потпишува ништо без присуство на адвокат.

„Имигрантите и имигрантските заедници низ целата земја се кријат. Луѓето се преплашени“, рече адвокатката од Правниот центар за сиромаштија, Мери Бауер.

Повеќето градоначалници на овие големи градови се Демократи и тие им наложија на локалните власти да се спротивстават на соработката со федералните службеници за имиграција.

Градоначалникот на Њујорк и претседателскиот кандидат Бил де Бласио рече дека имиграционите рации се „политички чин“.

Повеќе од 100 луѓе се собраа во неделата во Квинс, Њујорк, каде протестираа против најавените рации.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, направи необичен потег објавувајќи ги рациите пред време. Тој рече дека не е загрижен што раното известување може да им помогне на некои да го избегнат апсењето.

И други претседатели, меѓу кои и претходникот на Трамп, Барак Обама, издавале наредби за депортација на илегални имигранти. Но, тие наредби обично биле насочени кон оние кои нелегално дошле во САД и извршиле кривични дела.

Во случајот со најавените рации објаснувањето е дека тие се насочени кон имигранти кои се сметаат за опасни. Но, адвокатите за имиграција велат дека рациите можат да ги раздвојат семејствата и да бидат уапсени лица кои не претставуваат опасност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG