Линкови за пристапност

САД се фокусираат на имиграционите закони


Средствата за агенциите што ги спроведуваат имиграционите закони лани изнесувале близу 18 милијарди долари, за 3 милијарди повеќе од буџетите на другите агенции за чување на редот и законот во земјата заедно.
Средствата за агенциите што ги спроведуваат имиграционите закони лани изнесувале близу 18 милијарди долари, за 3 милијарди повеќе од буџетите на другите агенции за чување на редот и законот во земјата заедно.

Нивното спроведување приоритет во владината борба против криминалот, според најнов извештај.

Нов извештај го прикажува спроведувањето на имиграционите закони како приоритет на американската влада во борбата против криминалот, потенцирајќи дека владее дводецениска промена во финансирањето со поголем персонал, опрема и контролни капацитети за заштита на националните граници.

Графикон на растечките трошоци за спроведување на имиграционите закони
Графикон на растечките трошоци за спроведување на имиграционите закони
Извештајот на натпартискиот Институт за миграциона политика, чие седиште е во Вашингтон, доаѓа по неодамнешните реформи на Белата куќа за полабава политика за некои илегални имигранти, како и критиката на некои републикански законодавци кои бараат поголем акцент врз спроведувањето на законите.

Извештајот наведува дека средствата за агенциите што ги спроведуваат имиграционите закони минатата година изнесувале близу 18 милијарди долари, што е за 3 милијарди повеќе од буџетите на другите агенции за чување на редот и законот во земјата заедно.

Во 1986-та, токму средствата за тие други агенции беа неколкупати повисоки отколку оние за агенциите задолжени за имиграцијата. Истата година, законодавците усвоија имиграциона реформа што вклучи амнестија за околу 3 милиони илегални имигранти.

Оттогаш, според извештајот, САД потрошиле 187 милијарди долари за спроведување на имиграционата регулатива и биле создадени историско високи нивоа на погранична патрола и придружна инфраструктура.

Бројот на приведени на американските граници бележи драматичен пад, од 1,6 милиони во 2000-та на околу 340 илјади во 2011-та. Во исто време, бројот на недокументирани лица од САД нагло скокнал, од 30 илјади во 1990-та на 392 илјади во 2011-та.

Во извештајот се наведува и економскиот фактор во промената на имиграционите трендови, со оглед на послабата ситуација во која се наоѓа американската економија и поголемите можности во земјите од каде доаѓаат илегалните имигранти.
XS
SM
MD
LG