Линкови за пристапност

Судија ја блокираше одлуката на Трамп за забрана на азил за мигрантите кои во САД доаѓаат преку друга држава


Белата куќа денес реагираше на одлуката на судијата, велејќи дека планира да ги искористи сите расположливи можности, со цел да се преиспита безоснованата судска одлука и да се заштитат границите на држвата

Федерален судија од Калифорнија ја блокираше одлуката на Трамп од пред десет дена, со која тој забрани мигрантите да може да бараат азил доколку на патот кон САД поминале преку друга држава.

Согласно одлуката на судијата, може да се забрани азил на апликанти кои имале друга безбедна опција во друга држава, но, оти мора да се обезбеди разумно објаснување дека лицето нема да биде изложено на прогон или друга повреда.

Белата куќа денес реагираше на одлуката на судијата, велејќи дека планира да ги искористи сите расположливи можности, со цел да се преиспита безоснованата судска одлука и да се заштитат границите на држвата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG