Линкови за пристапност

Илјадници протестираа за имиграциони реформи во САД


Илјадници протестираа за имиграциони реформи во САД
Илјадници протестираа за имиграциони реформи во САД

Десетици илјади лица протестираа во неделата во Вашингтон, повикувајќи ги американските законодавци да воведат реформи во имиграциониот систем на САД.

Десетици илјади лица протестираа во неделата во Вашингтон, повикувајќи ги американските законодавци да воведат реформи во имиграциониот систем на САД.

Многумина од демонстрантите носеа пароли повикувајќи го Барак Обама да го исполни ветувањето дадено на претседателската кампања за корекции на проблемите во имиграционата политика во САД.

Демонстрантите велат дека се разочарани што по повеќе од една година на функцијата, здравството, безработицата и економијата воопшто доминираа на агендата на претседателот Обама.

Во САД живеат околу 11 милиони илегални имигранти.

За време на својата кампања, Обама рече дека ќе се ангажира за креирање на легален начин за добивање на државјанство за милиони од овие имигранти.

Републиканците се против, тврдејќи дека претседателот предлага програма за амнестија.

XS
SM
MD
LG