Линкови за пристапност

Наполитано ја брани имиграционата политика


Наполитано ја брани имиграционата политика
Наполитано ја брани имиграционата политика

Критичарите обвинуваат дека депортацијата само на илегалци-криминалци резултира во амнестија на оние кои не сториле престап.

Американската секретарка за домашна безбедност Џенет Наполитано ја брани политиката на владата на претседателот Барак Обама за приоритизирање на депортацијата на илегални имигранти кои извршиле злосторство или криминал.

Во говор на универзитет во Вашингтон, Наполитано рече дека во САД има премногу имигранти поради што властите не можат одеднаш да се справат со сите нив. Затоа, има резон најпрвин да се депортираат оние кои претставуваат закана по јавната безбедност, кажа таа.

Критичарите на ваквата политика тврдат дека таа резултира во амнестија за илегалните имигранти без криминално досие.

Наполитано, пак, рече дека САД менуваат и други начини на кои се справуваат со илегалните имигранти. Наместо големи и скапи рации на работните места, властите сега се фокусираат на спроведување на имиграционите закони при вработувањето, за да се обезбеди работодавците да вработуваат само лица кои ги исполнуваат законските услови за тоа.

Наполитано кажа и дека владата вложила огромни средства во овие нови начини годинава, како и дека е забележан историски голем пад во бројот на нелегални минувања на границата.

XS
SM
MD
LG