Не можат да се најдат родителите на 545 деца кои биле разделени на границата меѓу САД и Мексико, изјавиле судски адвокати, објави Асошиетед прес.
Децата биле одвоени од родителите во периодот од први јули 2017 до 26 јуни 2018 година, кога федерален судија во Сан Диего наредил децата, кои се наоѓаат во владините центри, да се обединет со родителите.
Според извештајот, волонтери ги бараат одејќи од врата на врата во Гватемала и Хондурас.
Околу две третини од родителите на тие 545 деца се верува дека се наоѓаат во државите од каде потекнуваат, велат активистите за граѓански права.
Повеќе од 2.700 деца беа одвоени од нивните родители во јуни 2018 година, согласно владината мерка за нулта толеранција кон нелегалната имиграција.
В четврток е закажано судско сослушување за статусот на напорите за обединување на семејствата.
Facebook Forum