Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе им даде на демократите „последна шанса“ да ги променат законите за азил и имиграција, пред да почне со депортација на недокументираните мигранти.
Трамп, без да прецизира детали за тоа што сака, рече дека законодавците кои се противат на неговата имиграциона политика, би можеле да преговараат за едноставни имиграциони промени, кои ќе помогнат да се реши проблемот на јужната граница, заедно со помош од Мексико.
„Веројатно нема да се случи, но, вреди да се проба. Две недели и големата депортација почнува“, рече Трамп.
Според првичните најави на претседателот, депортацијата требаше да почне вчера во поголемите американски градови, но, наеднаш ја промени одлуката.
Потпретседателот на САД Мајк Пенс, во изјава за Си-Ен-Ен, рече:
„Ќе ставиме крај на денот кога луѓето веруваа дека ќе влезат и побараат азил, и ќе им биде дозволено да останат во САД. Деновите на нашите порозни граници се завршени“, изјави Пенс.
Но, се` уште е под знак прашање дали ќе се постигне договор меѓу Трамп и демократите. Претходните делумни договори пропаднаа во Конгресот, кога републиканците и демократите не успеаја да постигнат конечен договор за имиграционите прашања.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во петокот го повика Трамп да се откаже од депортација, и да покаже милсот кон овие лица, исто како што направил со откажување на нападите врз иранските цели, во обид да спаси 150 животи во Иран.
„Претседателе, одложувањето е добредојдено. Потребно е време за големи имиграциони реформи. Семејставата припаѓаат заедно“, изјави Пелоси, по одлуката на Трамп да се повлече од депортација.
Вршителот должност секретар за домашна безбедност Кевин Мекалин, предупреди дека апсењето мигранти во нивните домови и на работни места води до ризик да се одвојат деца од родители.
Facebook Forum