Линкови за пристапност

Хуавеи ја тужи американската Влада


Кинеската технолошка компанија Хуавеи поднесе тужба против одлуката на американската Влада со која се забранува владините агенции да соработуваат со компанијата.

Во тужбата која била поднесена во суд во Тексас се тврди дека дел од мерката која беше усвоена минатата година е неуставна и се одзема правото на Хуавеи да води бизнис во САД.

Конгресот го усвои ограничувањето откако утврди дека Хуавеи и кинеската технолошка компанија ЗТЕ претставуваат ризик за националната безбедност затоа што може да бидат злоупотребени од кинеските разузнавачки служби.

Хуавеи се обидува да спречи екстрадиција и на финансиската директорка Менг Ванжу која беше уапсена во Канада по барање на САД.

Администрацијата на САД отфрла дека нејзиниот случај за екстрадиција е поврзан со пошироките трговски разговори на САД и Кина насочени кон решавање на прашањата за трговските политики, инвестициите и правата на интелектуална сопственост.

Од Стејт департментот за Гласот на Америка велат дека случајот Ванжу е спроведување на законот, а Канада ги почитува своите обврски со оглед на барањето на САД за екстрадиција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG