Линкови за пристапност

Хуавеи вели дека забраната на САД за купување нејзина опрема е противуставна


Компанијата бара судијата да донесе брза пресуда во нејзина корист

Кинескиот гигант „Хуавеи“ побара Американскиот федерален суд да донесе одлука без сослушување, дека забраната за купување опрема од оваа компанија е противуставна.

Сега, согласно забраната, владини агенции, работници под договор и корисници на грантови, не смеат да купуваат од „Хуавеи“.

Адвокатите на компанијата побараа да се забрза судската одлука по жалба на „Хуавеи“ во март годинава, според кои, не постојат проблематични докази во овој случај, барајќи судијата да донесе одлука во корист на кинескиот гигант.

Компанијата нагласува дека забраната на САД сериозно ја нарушува способноста на „Хуавеи“ да го продолжи бизнисот во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG