Претседавачот на Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом Џеролд Надлер, рече дека Комисијата може да ги искористи сите механизми за спроведување на законот, ако поранешниот советник на Белата куќа Дон Мекген не одговори на наредбата да сведочи во вторник.
Во писмо да Мекген, Надлер приговара на наредбата од Белата куќа, според која, Мекген добил инструкции да не сведочи, како и на правното мислење на Одделот за правда, кое укажува дека Конгресот не може да го принуди да сведочи.
„Комисијата јасно стави до знаење дека ризикувате големи последици ако не се појавите да сведочите“, напиша Надлер во писмото до Мекген.
Тој рече дека Комисијата сака да го праша Мекген за случаи во кои претседателот презел акции или му наредил да презеде акции, што може да предизвикаат кривични дела, вклучувајќи и опструкција на правда.
Адвокатот на Мекген потврди дека неговиот клиент нема да се појави да сведочи во Претставничкиот дом.
„Мекген останува обврзан да остане на позицијата статус кво и да ги почитува инструкциите од претседателот“, изјави адвокатот.
Демократите сакаат да го прашаат Мекген за потенцијална опструкција на правдата, поврзано со истрагата на Мулер за руското мешање во изборите во 2016 година.
Facebook Forum