Линкови за пристапност

Неизвесна иднината на коњичкиот спорт во САД


Во сабота во Њујорк ќе се одржи 151-от натпревар на „Белмонт стејкс“ трка на најдобрите коњи во САД.

Ова е последна од трките за „Тројната круна“.

Организаторите се надеваат дека ќе ја избегнат контроверзата од овогодинешните „Кентаки дерби“ и „Прикнес стејкс“ - првите две трки во серијата.

Судиите го дисквалификуваа победникот на „Кентаки дерби“ заради кршење на правилата - прекосување на патот на друг коњ.

Сопственикот на коњот поднесе тужба, велејќи дека дисквалификација на неговиот коњ била „бизарна и незаконска.“

Две недели подоцна на натпреварот „Прикнес стејкс“ џокеј падна од седлото.

Џокејот не беше повреден, и ја премина финалната линија на 12-тото место, од вкупно 13 коњи колку што учествуваа на трката.

Несреќите кои се случија годинава не се единствените причини поради кои спортскиот свет внимателно ги следи трките.

Во паркот Санта Анита во Лос Анџелес од декември навака починаа дваесет и седум коњи. Демократската сенаторка Дајан Фајнстајн побара затворање на патеката додека не се заврши истрагата за смртта на животните.

Групите за правата на животните се прашуваат дали овој спорт има иднина во САД.

Предлог закон

Предлог закон кој во моментов е пред Претставничкиот дом на САД треба да ги стандардизира правилата за безбедност за коњите и џокеите.

Повеќето поголеми американски спортови имаат само едно регулаторно тело, но за коњските трки постојат 38 јурисдикции, секоја со свои прописи.

Зошто коњите умираат?

Експертите сметаат дека една можна причина за смртта е лошата стаза во Санта Анита, поради силниот дожд и кал.

Чистокрвни коњи имаат тенки и мали нозе кои мора да носат огромна тежина. Мал погрешен чекор може да предизвика коњот да ја скрши ногата, што може да доведе до евтаназија.

Други коњи едноставно умираат од срцев удар.

Студија покажа дека во 2018-та година во просек 10 коњи неделно умирале на американските трки.

Негативниот публицитет околу трките ја загрижи јавноста, особено младите луѓе кои не го прифаќаат спортот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG