Линкови за пристапност

„Никогаш повеќе!“ е пораката на Меморијалниот музеј на Холокаустот на САД во Вашингтон


„Никогаш повеќе!“ е пораката на Меморијалниот музеј на Холокаустот на САД во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Во музејот се чуваат спомените за шест милиони Евреи сурово убиени на начин кој најголем дел од луѓето не можат ни да го замислат

Никогаш повеќе. Ваква порака ги пречекува посетителите на Меморијалниот музеј на Холокаустот на САД во Вашингтон.

Овде се чуваат спомените за шест милиони Евреи сурово убиени на начин кој најголем дел од луѓето не можат ни да го замислат.

„Длабоко сум трогната. Тоа што се случило е толку многу погрешно. Милиони луѓе испратени во смрт“, вели Маурен Ален, посетителка на музејот.

Ова се последните сведоци на брутално загушените Евреи во гасните комори.. Нивните чевли. Не се целосно уништени бидејќи не биле од крв и месо.

Музејот на холокаустот во Вашингтон чува дел од најмрачната историја на човештвото. Тука можат да се слушнат приказни исполнети со смрт, страдања и ужас. Но, овој дел од човечката историја никогаш не треба да биде заборавен, за да не се повтори.

Во логорите немало доволно прибор за јадење. Тој што немал лажица бил принуден од чинијата да јаде како куче. Во еден дрвен кревет без перница и покривка спиеле по шестмина.

Така ја чекале смртта, и возрасните и децата.

„Ги видов нивните писма, фотографии од нивните деца кои загинаа во концентрационите логори.. Видов на што се беа присилувани. Трагично. Човештвото не смее да со дозволува вакви злосторства“, вели Ален.

Секој детал од истребувачкиот процес бил методски испланиран.

Во Аушвиц Биркенау биле загушувани со комерцијалниот пестицид Циклон-Б. Прво умирале децата, а потоа возрасните. Евреи-заробеници ја „чистеле“ просторијата за наредната група.

Грабежот над Евреите продолжил и кога биле мртви. На оваа маса од нивните засекогаш онемени усти им се ваделе златните заби.

Од сигурна смрт можеле да се спасат само ако биле млади и силни да работат за Рајхот, раскажува Џек Соломницки, чии родители по потекло од Полска така ја преживеале голготата во нацистичките логори, а потоа емигрирале во САД.

„Ако си корисен ќе преживееш, ако не - умираш со најстрашна смрт. Така се спасија моите родители. Беа во логорите, напорно работеа и затоа не ги убија. Се сретнаа по војната во камп за расселени лица во Австрија и се венчаа. Таму е роден мојот најстар брат. Подоцна емигрирале во САД“, вели Соломницки.

Тој ги учи своите деца да не ги заборават еврејските корени и историјата поврзана со нив, но смета дека човештвото не ја научило вистинската лекција од геноцидот на Евреите.

„Би сакал светот да учи од минатото, но мислам дека не учи. Само стануваме подобри во убивањето. Научивме како подобро да се уништуваме меѓу себе“, вели Соломницки.

За време на холокаустот, во името на т.н. „нов поредок“, за прв пат во историјата беа употребени индустриски методи со цел масовно истребување на цел еден народ. Од убиените шест милиони Евреи, милион и половина биле деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG