Линкови за пристапност

САД очекуваат продажбата за празниците да се зголеми за 10 отсто


Зголемените примања и заштеди никогаш не биле поголеми, што би им помогнало на луѓето да платат повеќе, вели Националната трговска асоцијација

Празничните продажби во САД годинава би можеле да се зголемат за 10 отсто поради отежнатото производство како последица на пандемијата, соопшти денес Националната трговска асоцијација, објави Ројтерс.

Прекинот во снабдување ги остави рафтовите испразнети, без посакуваните играчки и игри, велат оттаму.

Националната трговска асоцијација предвидува зголемување на продажбата меѓу 8,5 и 10,5 проценти до 843,4 милијарди и 859 милијарди долари, во текот на ноември и декември, во споредба со 777, 3 милијарди минатата година.

Зголемените примања и заштеди никогаш не биле поголеми, што би им помогнало на луѓето да платат повеќе во време кога компаниите ги зголемуваат цените поради инфлацијата, вели Националната трговска асоцијација.

Оттаму додаваат дека има голема побарувачка за празнични производи годинава, иако анкетите покажуваат оти купувачите се загрижени за достапност на производите.

Трговската асоцијација нагласи дека доаѓањето на патници од странство откако беа олеснети ковид рестрикциите би можело, исто така, да допринесе за уште поголема продажба.

Неколку продавници ги почнаа празничните понуди уште во септември, предупредувајќи ги муштериите дека нивните омилени производи би можеле да се продадат, како и оти испораката може да трае подолго од обично.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG