Линкови за пристапност

Топлотниот бран во САД однесе шест животи


По екстремно високите температури следи студен бран со поројни дождови

Голем дел од САД во неделата беше зафатен со топлотен бран кој поради високите температури однесе најмалку шест животи.

Поради горештини многу настани беа откажани низ државата, од фестивали, концерти до спортски настани.

Националната метеоролошка служба предупреди дека во Њујорк температурите во неделата ќе достигнат36,7 степени Целзиусови, но ќе се чувствуваат како 43,3 степени Целзиусови степени со влажност.

Температурите се зголемуваат во градовите од Средниот Запад до Источниот брег поради системот со висок притисок кој го зароби топлиот воздух.

Но, метеоролозите велат дека крај на ваквото време е близу.

Националната метеоролошка служба соопшти дека студен бран се движи од Средниот Запад кон Источниот брег и ќе донесе разладување, заедно со силни бури и поројни дождови кои би можеле да предизвикаат поплави, проследени со силни ветрови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG