Линкови за пристапност

Над 20 мртви од рекордната горештина во САД


Над 20 мртви од рекордната горештина во САД
Над 20 мртви од рекордната горештина во САД

Половина земја под топлотен бран што ќе трае барем до крајот неделата.

Над 20 лица станаа жртви на големиот топлотен бран што ги зафати центалните и јужни делови на САД. Од Чикаго до Вашингтон, метеоролозите препорачуваат населението да остане дома поради температурите над 38 степени Целзиусови.

За петок и сабота се очекува уште пожешко време со нови рекордни температури, а топли бранови ќе има се` до август. Стручњаците наведуваат дека ситуацијата се должи на феноменот „топлотна купола“ со кој поради високиот воздушен притисок, повисоките слоеви ги заробуваат пониските, каде останува жешкиот воздух со голема влажност.

Во Синсинати, капацитетот на службите за итна помош е искористен 100% поради бројните повици. Во Далас, веќе 18 дена по ред, температурата не се симнува под 38 степени. Чикаго минува низ најтоплото лето во последните 34 години. Во Тулса, од горештината пукаат темелите на домовите. Во некои градови властите отворија собирни центри за граѓаните кои дома немаат клима-уреди. Зоолошките градини ги разладуваат животните со вентилатори и мраз.

XS
SM
MD
LG