Линкови за пристапност

Топлотен бран во САД, рекордни температури над 44 Целзиусови степени


Националната метеоролошка станица на САД најави интензивно, рекордно, опасно и невидено топло време во северозапдниот дел на државата, објави Асошиетед прес.

Историскиот топлотен бран ги доведе дневните температури до троцифрени бројки, рушејќи рекорди во места каде луѓето немаат ниту систем за ладење.

Портланд, Орегон вчера достигна температура од 44,4 Целзиусови степени, а измерената температура на Меѓународниот аеродром Сиетл-Такома беше 39,4 Целзиусови степени.

Метеоролозите велат дека ова е првпат од 1894 година, во овој регион да има температура над 40 Целзиусови степени, два последователни дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG