Линкови за пристапност

САД: демократите велат дека реформата на здравствената заштита ќе го намали дефицитот


Претседателот Обама ја окарактеризира легислативата како најзначаен напор за намалување на федералниот дефицит од 1990-тите

Законодавците од демократската партија велат дека реформата во здравствениот сектор на претседателот Барак Обама ќе чини 940 милијари долари во првите 10 години, но во истиот период ќе го намали федералниот буџетски дефицит за 130 милијарди долари.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стени

Хојер рече дека цифрите од независната Конгресна канцеларија за буџет покажале дека пакетот за здравствената заштита ќе намали повеќе од еден трилион долари од дефицитот во втората деценија по неговото усвојување.

Демократите се надеваат дека овие цифри ќе ја намалат загриженоста на некои законодавци за цената на чинење на документот.

Хојер рече дека Претставничкиот дом оди по планот за гласање в недела по законот.

Претседателот Обама ја окарактеризира легислативата како најзначаен напор за намалување на федералниот дефицит од 1990-тите.

Но, законодавци од Републиканската партија се цврсто против законот. Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Џон Бонер, рече дека тие ќе сторат се` што можат законот никогаш да не биде усвоен.

Републиканците велат дека законот е многу скап и дека на владата се дава премногу контрола врз здравствената заштита во земјата.

XS
SM
MD
LG