Линкови за пристапност

Укинувањето на Обамакеар можно е да биде постапно


И покрај притисокот од Белата куќа, републиканците во Сенатот и натаму имаат проблеми за поддршка на сеопфатниот план за укинување на законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Откако добија зелено светло да дебатираат по прашањето, републиканците не успеаа да добијат доволно поддршка за укинување на законот и негова замена со систем со кој би се намалила улогата на федералната влада во здравствената грижа.

Со 55 наспрема 45 гласови, Сенатот се изјасни за предлог-закон со кој би се укинал Обамакеар, но неговата замена би се случила нешто подоцна.

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, се очекува да изврши притисок за делумно укинување на Обамакеар – или некои најмалку популарни елементи, вклучувајќи ја одредбата Американците или да купат план за здравствена заштита или да платат казна.

Демократите предлагаат изготвување легислатива на двопартиска основа, преку комисиска расправа и јавни распити за добивање идеи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG