Линкови за пристапност

Сенатот денес гласа за дебата за Обамакеар


Сенаторот Џон Мекејн најави дека денес ќе се врати на работа, по кусо отсуство, откако му беше дијагностициран рак на мозокот

Сенатот денес треба да гласа за тоа дали да се отвори дебата за најновата републиканска иницијатива, за реорганизирање на здравствениот систем на поранешниот претседател Барак Обама.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, кој раководи со напорите за промена на Законот за достапна грижа, познат како Обамакеар, изминатиов месец беше принуден да се повлече од иницијативата, откако стана јасно дека нема доволно гласови да поминат двете различни верзии на Законот.

Републиканците имаат мнозинство во Сенатот со 52 наспроти 48 гласови, и во време кога демократската опозиција за укинување на Обамакеар е обединета, републиканците можат да изгубат само два гласа.

Потпретседателот Мајк Пенс ќе гласа во случај резултатот да биде 50-50

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн најави дека денес ќе се врати на работа, по кусо отсуство, откако му беше дијагностициран рак на мозокот.

Она што не е јасно засега е, за која предлог – закон ќе се гласа.

Во мај, Претставничкиот дом усвои свој предлог- закон за укинување и замена на Обамакеар. Тогаш претседателот на САД Доналд Трамп го поздрави прифаќањето на мерката, а подоцна го опиша како „лош“ предлог.

Наместо тоа, тој побара Сенатот да одобри легислатива со повеќе „душа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG