Линкови за пристапност

Одложено гласањето за укинување на Обамакеар


Клучниот сенатор Џон Мекејн е во болница, по операција за отстранување на тромб

Прашањето за промена на здравствените политики, поддржани од претходниот претседател Барак Обама останува отворено, со одложен еден клучен глас.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел ја одложи процедурата за гласање, откако републиканскиот сенатор Џон Мекејн имаше хируршки зафат во саботата, за отстранување на тромб од левото око.

Мекејн ќе остане една недела во Аризона, за заздравување по операцијата

Неговото отсуство ги остави републиканците без доволно гласови, дури и да отворат дебата за укинување и замена на Законот за здравствена заштита, познат како Обамакеар.

Пред операцијата на Мекејн, Меконел се надеваше на гласање за републиканскиот план деновиве.

Но, со обединетата демократска опозиција за замена на Обамакеар, прашање е дали Меконел ќе имаше доволно републикански гласови формално да се почне дебатата по ова прашање.

На републиканците во Сенатот потребни им се 50 гласови за отстранување на процедуралната пречка.

Тие имаат мнозинство во Сенатот со 52 наспроти 48 гласа, но, двајца сенатори веќе се изјаснија дека се против отворање дебата за овој предлог.

Меконел рече дека во отсуство на Мекејн, Сенатот ќе продолжи да работи на други законски мерки и номинации од претседателот Доналд Трамп, за пополнување на различни позиции низ федералните агенции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG