Линкови за пристапност

Евакуиран Одделот за здравство на САД поради закана за бомба


Најмалку три владини згради, меѓу кои и Глас на Америка, беа евакуирани утрово во близина на Конгресот

Најмалку три владини згради во близина на Конгресот утрово беа евакуирани поради закана за бомба, соопштија официјални лица, објави Вашингтон пост. Меѓу зградите беше и Гласот на Америка.

Како што пишува весникот, инцидентот се случил во зградата на Одделот за здравство и човечки услуги.

Според весникот, првично имало малку детали на располагање. Околните улици биле затворени за сообраќај.

Портпаролката на Одделот за здравство Сара Ловенхајм изјави дека имало дојава за „закана за бомба“ во зградата и таа веднаш била евакуирана.

„Заради претпазливост го ограничивме пристапот до комплесот згради“, рече таа, нагласувајќи дека немало регистриран инцидент, и оти властите одблизу ја набљудуваат ситуацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG