Линкови за пристапност

Поборниците за поседување на оружје на голем собир во Ричмонд, Вирџинија


Илјадници поборници за поседување на оружје, вклучително и вооружени припадници на здруженија за оружје, денеска ќе присуствуваат на голем собир во главниот град на југоисточната американска држава Вирџинија, што е спротивно со предложените нови регулативи за контрола на оружјето.

Поради ова безбедносните мерки се зголемени околу државното собрание на Ричмонд.

Демократските законодавци, кои неодамна се здобија со контрола врз двата дома на законодавното тело, усвоија построги закони за контрола на оружјето.

Сенатот во Вирџинија доцна во четвртокот одобри закон, со кој се налага безбедносна проверка при сите продажби на оружје и ограничување на набавките на пиштоли на еден месечно.

Сенатот, исто така, донесе закон за враќање на правото на локалните власти да донесуваат забрана на оружје во јавни институции и на други места.

Голем број поборници за поседување на оружје и здруженија за оружје најавија масовно присуство на собирот во Вирџинија, кој секоја година го организира Лигата за одбрана на граѓаните во Вирџинија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG