Линкови за пристапност

Како оружјето ги дели Американците


Претседателот Доналд Трамп се соочува со истиот предизвик како и неговите претходници

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска повторно упати апел за поддршка на идејата за вооружување одредени наставници и професори, како превенција од идни масовни убиства во училиштата.

Трамп ова го повтори за време на обраќањето на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC), којашто се одржа во близина на Вашингтон.

Поголемиот дел од работната недела на американскиот претседател помина во справување со последиците од трагичниот напад во средното училиште во Паркленд, Флорида. Иако ова е ново искуство за Трамп, ваква ситуација им беше позната на неговите претходници.

Ехо од минатите трагедии

Поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама, се соочија со слични трагедии додека беа на функцијата. Тие, исто така беа соочени со политички притисоци за преземање на некаква акција.

Претседателите честопати се фрустрирани од обидот да го надминат она што истражувачите и политички експерти го нарекуваат, голем јаз во врска со оружјето во САД.

Барање решенија

Откако претседателот Трамп изрази сочувство за жртвите и семејствата во инцидентот во Флорида, тој претстави неколку решенија, вклучувајќи ја и контроверзната идеја за вооружување на одредени наставници.

Што велат анкетите?

Неодамнешна анкета покажува скок во поддршката за дополнителни ограничувања на оружјето, што е честа појава по масовните напади.

Новата анкета на „Марист“ покажа дека 71 отсто од испитаниците се залагаат за построги закони за контрола на продажбата на огнено оружје.

Според нова анкета на „Квинипек“, 66 проценти од анкетираните подржуваат построги закони, највисоко ниво на поддршка во вакво истражување регистрирано досега.

Мобилизирање на гласачите?

И покрај поддршката за построга контрола на оружјето во анкетите, аналитичарите предупредуваат дека тоа не секогаш се претвора во акција за време на изборите.

Првата можност да се покаже промена, можно е да се случи на престојните конгресни делумно избори во ноември, оваа година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG