Линкови за пристапност

Владата со клуч на врата по 8-ми февруари?


На два дена пред истекувањето на рокот, Претставничкиот дом се очекува да усвои финансирање за само шест недели.

Два дена пред можно ново делумно затворање на американската влада, Конгресот се обидува да го надмине ќорсокакот за натамошно финансирање.

Претставничкиот дом предводен од републиканцит,е се очекува да донесе мерка со која ќе се финансира армијата до крајот на фискалната година, додека финансирањето на домашните програми ќе биде продолжено за само шест недели, предлог кој демократите во Сенатот ветија дека ќе го блокираат.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, вели дека одбраната мора да биде финансирана цела година, додека продолжуваат преговорите за буџетот.

Демократите се со став дека здравствената заштита и другите домашни потреби се исто толку важни.

Финансирањето на владата на САД беше продолжено четири пати од крајот на минатата година, наваму и истекува повторно во четврток на полноќ.

Дополнителна компликација се реформите во имиграциониот систем. Досега претседателот Доналд Трамп и конзервативните републиканци, не успеаа да постигнат договор со демократите за заштита на младите недокументирани имигранти, коишто во САД биле донесени како деца и кои ќе бидат изложени на ризик од депортација уште следниот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG