Линкови за пристапност

Ако нема договор, на владата на САД и` се заканува делумно затворање

Претседателот на САД Доналд Трамп се сретна со републиканците во Конгресот, а требаше да има одвоени средби и со демократите. Во фокусот на разговорите беше планот за реформи во даночниот систем, но и наоѓање решение за финансирање на владата за актуелната фискална година

Американската влада за 10 дена ќе остане без средства, но претходно закажаната средба меѓу претседателот Доналд Трамп и лидерите на демократите во Конгресот за избегнување на чекорот, значеше можност дека партиските несогласувања, ќе се надминат.

Таа средба не се одржа, бидејќи лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер и лидерката на малцинството во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во последен момент го откажаа состанокот.

Првиот човек на сенатските републиканци Мич Меконел, рече дека најновиот чекор на демократите е „недостаток на сериозност“.

Со рекација се јави и Белата куќа: „Разочарувачки е што Шумер и Пелоси одбиваат да седнат на иста маса и да дискутираат за итни прашања. Поканата на претседателот до демократските лидери и натаму стои и ги охрабрува да ја остават настрана нивната тривијалност, да се појават и да се зафатат со работа. Ова се важни прашања“, се вели во соопштението.

Доколку политичките лидери не се договорат за финансирање на владата до крајот на актуелната фискална година – или септември 2018-та, можно е да усвојат краткорочно продолжување на средствата, со цел, комплетирање на долгорочен договор, пред Конгресот да замине на празничен одмор кон крајот на декември.

This item is part of
XS
SM
MD
LG