Линкови за пристапност

Истрагата на Претставничкиот дом заврши без докази за соработка на кампањата на Трамп со Русија


Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, којашто водеше истрага за влијанието на Русија на американските претседателски избори во 2016 година, соопшти дека го затвора процесот, со заклучок дека Русија извела кибернетски напади на американските политички институции, но дека нема соработка со кампањата на Доналд Трамп. Ова важи за голема победа на претседателот на САД.

Трамп го прослави соопштението со порака на Твитер, и тоа со големи букви, додека демократите реагираа критикувајќи ја Комисијата предводена од републиканците, велејќи дека потфрлила во одбраната на САД со тоа што не спровела сериозна истрага.

„РАЗУЗНАВАЧКАТА КОМИСИЈА НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, ПО 14 МЕСЕЦИ ДЛАБОКА ИСТРАГА, НЕ НАЈДЕ ДОКАЗИ ЗА ВРСКА ИЛИ КООРДИНАЦИЈА МЕЃУ КАМПАЊАТА НА ТРАМП И РУСИЈА ЗА ВЛИЈАНИЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО 2016-ТА“, напиша Трамп повторувајќи го тврдењето дека неговата кампања не сторила ништо погрешно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG