Линкови за пристапност

Судијката Гинсбург се опоравува по операцијата


Со последните тестови не се пронајдени други тумори, така што не се планирани дополнителни медицински третмани

Судијката на врховниот суд Рут Бејдер Гинсбург се опоравува по операцијата при која ѝ беа отстранети два малигни тумори од белите дробови.

Туморот ѝ беше откриен за време на тестови спороведени откако Гинсбург скрши три ребра при пад во текот на месец ноември.

Портпаролката на судот, Кејти Арберг, рече дека со тестовите не се пронајдени други тумори, така што не се планирани дополнителни медицински третмани.

Врховниот суд ќе ги сослуша нејзините следни аргументи на 7-ми јануари.

Гинсбург во минатото беше медицински третирана и поради рак на дебелото црево и рак на панкреасот, но не пропушти ниту едно рочиште во судот.

85 годишната Гинсбург е најстариот член на судот. Таа стана правосуден соработник уште во 1993 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG