Линкови за пристапност

Средба на државниот секретар Тилерсон со германскиот колега Габриел


Во фокусот на разговорите НАТО, иднината на иранскиот нуклеарен договор и трговијата.

Државниот секретар Рекс Тилерсон имаше телефонски разговори со своите колеги од Мексико и Канада, како и со премиерот на Израел. Тој воедно во Стејт департментот беше домаќин на министерот за надворешни работи Сигмур Габриел.

Во фокусот на разговорите со шефот на германската дипломатија била НАТО Алијансата, иднината на иранскиот нуклеарен договор и трговијата.

Габриел истакна дека соработката со САД е клучна особено по прашањата за меѓународната агенда, на пример напорите за ставање крај на ужасната војна во Сирија, заедничката одговорност за мировен процес на Блискиот Исток, како и изнаоѓање мирно решение за конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG