Линкови за пристапност

Посетата на Помпео на Германија го истакна сојузништвото, но и разликите меѓу Вашингтон и Берлин


Државниот секретар на САД Мајк Помпео е во Германија, каде се сретна со министерот за надворешни работи и канцеларката Ангела Меркел.

Тој со министерот за надворешни работи Хаико Мас разговараше за тензиите со Иран и за американските санкциите против кинеската технолошка компанија Хуавеи.

Помпео одржа 45 минутна средба со канцеларката Ангела Меркел.

Меркел кажа дека САД останува најважниот партнер на Германија надвор од Европа, но призна дека двете земји во моментов имаат и разлики.

Меркел само што се врати од посета на САД во која таа немаше средби со американски федерални власти, но одржа говор на Универзитетот Харвард и ги повтори нејзините критики на адреса на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со начините на справување со глобалните проблеми.

Германија и понатаму е потписник на Договорот за нуклеарната програма на Иран, од кој САД се повлекоа минатата година.

Претходно, германски дипломат изјави дека Меркел ќе истакне дека недоразбирањата со Иран мора да се решаваат на мирен начин.

Ова е прва посета на Помпео на Германија како државен секретар.

Помпео пред патувањето изјави дека Хуавеи, на кој Вашингтон гледа како закана за безбедноста на НАТО ќе биде прашање на секоја од неговите станици во Европа.

Тој, исто така ќе ги посети Швајцарија и Холандија, пред да се приклучи на претседателот Трамп во неговата државна посета на Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG