Повеќе од 120 пензионирани генерали и адмирали го повикаа Конгресот да не` ги крати трошоците за дипломатијата и странската помош, две владини функции кои можат да бидат мета на првиот предлог - буџет на претседателот Доналд Трамп.
Трамп вечерва пред Конгресот се очекува го објави неговиот предлог буџет, и се очекува да повика на зголемување на трошоците за одбраната од 54 милијарди долари, а да ги намали средствата за други намени, особено за Стејт департментот и Агенцијата за заштита на животната средина.
Во писмо до републиканските и демократските конгресни лидери, пензионираните воени лица велат дека „унапредувањето и зајакнувањето на дипломатијата и развојот, заедно со одбраната се критични за безбедноста на Америка.“
Поранешните воени лидери напишаа и дека искуството покажало, многу од светските кризи не можат да се решат само со воена акција.