Линкови за пристапност

Гејтс внимателен оптимист во однос на Авганистан


Гејтс внимателен оптимист во однос на Авганистан
Гејтс внимателен оптимист во однос на Авганистан

Секретарот за одбрана коментираше дека Талебан можеби е суров, но затоа и „мошне непопуларен“ во Авганистан.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс на сведочење во Сенатот четвртокот кажа дека е внимателен оптимист кога станува збор за поразување на Талебан во Авганистан. Дури и без 30.000 дополнителни американски војници, колку што се планира да бидат испратени во Авганистан, постои подем во операцијата против силите на Талебан, рече Гејтс.

Секретарот за одбрана коментираше дека Талебан можеби е суров, но затоа и „мошне непопуларен“ во Авганистан. Тој сепак предупреди дека претстојат „многу тешки и долги денови“.

Гејтс и државната секретарка Хилари Клинтон се појавија на сенатскиот распит во знак на поддршка за одвојувањето на преку 35 милијарди долари дополнителни средства за финансирање на американската армија и цивилиниот персонал во Авганистан.

Клинтон подвлече дека цивилното присуство во Авганистан минатата година четирикратно нараснало. Таа побара дополнителни 2 милијарди за авганистанските напори да се обезбедат областите каде беше преземена контролата од Талебан, како градот Марџа во јужниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG