Линкови за пристапност

Американската администрација со нова стратегија за помош на земјите во развој


Модерна нова железничка пруга вредна 3.2 милијарди долари го скратува времето на патување од главниот град на Кенија, Најроби, до крајбрежјето за половина. Големи инвестиции во инфраструктурата го претворија Пакистан во еден од главните економски коридори. Нова индустриска зона во Тајланд до 2021-ва година треба да биде дом на повеќе од 500 компании.

Сите овие проекти се дел од кинеска амбициозна иницијатива „Појас и пат“ вредна милијарди долари инфраструктурни инвестиции во Азија, Африка и Пацификот. Глобалното влијание на оваа кинеска иницијатива ја принуди американската администрација да го преиспита планот за намалување на странската помош кој беше дел од стратегијата „Америка прва.“

„Многу виши претставници од американската администрацијата го согледаа оваа и заклучија дека и ние треба да сториме нешто“ вели аналитичарот од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, Даниел Рунде.

За главен пресврт на политиката на Трамп се смета потпишувањето на т.н. Акт БУИЛД (BUILD Act) за кој аналитичарите велат дека е еден од најважните делови од законодавството за проектирање на т.н. мека сила.

Со овој закон се спојуваат и подобруваат агенциите и програмите кои се соочуваа со кратења во буџетите, создавајќи нов ентитет задолжен за давање кредити, осигурување од политички ризик и акционерски капитал во американски фирми кои инвестираат во земјите во развој.

Агенцијата ќе биде позната како Меѓународнана развојна финансиска корпорација на САД (USIDFC) и ќе има буџет од 60 милијарди долари. Дури и со ваков буџет новата американска програма ќе биде мала во споредба со кинеските инвестиции во Азија и Африка.

Но, аналитичарот од Институцијата Брукингс, Џорџ Инграм вели дека влијанието може да се зголеми со партнерство со другите меѓународни организации.

Актот БУИЛД има и критичари посебно кај конзервативците кои веруваат дека владата не треба да биде вклучена во приватните деловни одлуки.

Минатата недела соработничката на Гласот на Америка, Грета Ван Сустерн разговараше раководителот на УСАИД, поранешниот републикански конгресмен Марк Грин кој изјави дека постои „фундаментална разлика“ меѓу американскиот и кинескиот пристап.

Кина се залага за заеми кои може да значат и „неодржливо финансирање кое ја става иднината на државите под хипотека“ додека спротивно на ова, УСАИД очекува државите да спроведат реформи.

„Она што ние сакаме за нив е да станат потенцијални трговски партнери, но еднакви партнери".

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG