Линкови за пристапност

САД наредија замрзнување фондови за странска помош


Стејт департментот и Агенцијата за меѓународен развој ќе треба да престанат со трошење фондови кои официјално не се наменети за одредени цели

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп нареди две федерални агенции да замрзнат милијарди долари наменти за странска помош, а кои се одобрени од Конгресот.

Канцеларијата за менаџмент и буџет побара Стејт департментот и Агенцијата за меѓународен развој да престанат со трошење фондови кои официјално не се наменети за одредени цели.

Со замрзнувањето се опфатени десет области, вклучувајќи меѓународно здравство, наркотици и иницијативи за одржување на мирот, како и поддршка за развој.

Проценките се дека со овој потег ќе се спречат агенциите да дистрибуираат од две до четири милијарди долари странска помош.

Канцеларијата за менаџмент и буџет вели дека федералните агенции имаат обврска соодветно да ги трошат фондовите одобрени од Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG