Линкови за пристапност

Што треба да се знае за Флин?


Тој ќе биде соработник на Трамп од највисок ранк осуден во истрагата на Мулер

Мајкл Флин, првиот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп ја очекува пресудата за лажење пред Федералното истражно биро (ФБИ) за разговорите што ги имал со рускиот амбасадор во САД за време на претседателската транзиција.

Флин зборувал со тогашниот амбасадор Сергеј Кислјак неколку недели пред инаугурацијата на Трамп, за плановите да се намалат санкциите што администрацијата на претседателот Барак Обама ги воведе против Русија и резолуцијата на Обединетите нации за Израел.

Еве што е познато за Флин:

  • Соработуваше речиси една година со специјалниот советник Роберт Мулер во истрагата за руската вмешаност во изборите во САД во 2016-та година, и за кампањата на претседателот Трамп
  • Обезбедил информации што се од корист и за неколку други истраги
  • Тој ќе биде соработник на Трамп од највисок ранк осуден во истрагата на Мулер
  • Тимот на специјалниот советник предложи мала или воопшто да нема затворска казна за Флин поради суштинската улога во истрагата

Трамп го отпушти Флин поради лажење за разговорите со Кислјак. Обама, пак, го предупреди Трамп за изборот на Флин, иако тој го игнорираше неговиот совет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG